Македонија меѓу првите во регионот по раст на обновливи извори на енергија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Македонија минатата година го зголеми производството на енергија од обновливи извори на 827 мегавати, што претставува раст од 10,1 проценти и е во рамки на светскиот просек на зголемување од 10,3 отсто, објави специјализираниот портал „Балкан Грин Енерџи Њуз“.

Со ваквиот раст земјава се најде на трето место меѓу земјите од регионот, зад Кипар кој забележа зголемување на произвоидството на енергија од обновливи извори за 15,2 отсто на 371 мегавати и Турција со раст од 10,8 проценти на 49,4 гигавати.

„Зад Македонија се најдоа Грција со зголемување за 9,5 проценти на 10,9 гигавати, Албанија со раст од 6 отсто на 2,3 гигавати и Хрватска која го зголеми капацитетот на производтво на енергија од обновливи извори за 5,1 проценти на 3,2 гигавати. Останатите земји од Југоисточна Европа забележаа многу низок раст на искористувањето на обновливите извори на енергија“, посочува порталот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи