Ристески: Талевски лично учествуваше во поставување на Чипсио како командир, кој друг од СДСМ е вмешан во криминалот со дрога?

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Денес ни е совршено јасно зошто Талески излегува и го брани картелот Заеви, заради тоа што тој е во друштво со Чипсио и како второ заради што тој лично учествуваше во поставувањето на Чипсио за командир на ПС Прилеп. Истакна на денешната прес конференција Петар Ристески, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

„Миле Талески треба да им одговори на прилепчани кој се е вмешан во криминалот со дрога од раководството на СДСМ?! Миле Талески е најодговорен бидејќи во време кога тој беше претседател на Советот во општина Прилеп е назначен Чипсио за командир на прилепската станица.

Јавноста беше сведок за десетиците слики на Миле Талески заедно со веќе уапсениот командир како седат на софра и во добро друштво. Исто така со уапсениот командит слики и дружби има и градоначалникот на Прилеп – Јовановски.

Заради овие прицини, јасно е зошто Миле Талески излегува и го брани криминалот кој царува во Прилеп. Миле Талески заедно со Јовановски најмалку што можат да направат е да понесат морална одговорност и веднаш да се повлечат од функциите.

Јасно е дека позади целиот криминал кој се случува во Прилеп стојат овие лица кој денес се најгласни“, истакна Ристески.

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи