Филипче: Околу 25 илјади граѓани се вакцинирани досега во салата „Борис Трајковски“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Министерот за здравство Венко Филипче денес извести дека досега се вакцинирани околу 25 илјади граѓани и упати апел до сите граѓани да се пријават за вакцинација на сајтот за вакцинација и преку матичните лекари.

„Веќе се вакцинирани околу 25 000 граѓани во салата „Борис Трајковски“, а утре завршува вакцинација на вработените во критичната ифнраструктура, согласно националниот план.  Од среда, останатиот дел од 20 000 вакцини на Спутник, ќе бидат распределени по возрасни групи.

Освен системот за пријавување вакцинација онлајн, кој исто така важи и преку пријавување кај матичните лекари, кои имаат обврска да ги анкетираат своите пациенти, посебно оние постарите, који треба да го изразат интересот за вакцинација. Значи од среда вакцинацијата ширум државата продолжува по возрасните категории, како ќе доаѓаат понатаму вакцини, ќе се надополнуваат двата системи“, рече Филипче.

Во целост се вакцинирани критичните групи на граѓани, односно сите кои имаат висок ризик од инфекција. Вакцинирани се сите кои изразиле интерес за тоа и се пријавиле а тоа се здравствените работници, припадниците на МВР, армијата и наставничките од прво до трето одделение, вработени во Министерството за труд и социјална политика – негувателки и воспитувачки, а денеска се вакцинираа и новинарите и медиумските работници преку Здружението на новинари. Во текот на денот и утре ќе се спроведе и вакцинација на заинтересирани во делот на правосудниот систем, односно вработените во Собранието на РСМ, а од среда останатите вакцини од Спутник В ќе бидат распределени во системот на вакцинација за населението со што ќе продолжи вакцинацијата според возрасната група на граѓани во А1 Арената Борис Трајковски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи