Филипче: Со закон ќе се ограничат цените на приватните болници за лекување од корона

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Министерот за здравство Венко Филипче, денеска најави дека до Владата е поднесен предлог за измена на законот за здравствена заштита, со кој се предвидува ограничување на висината на наплата на финансиски средства  која приватните болници ја наплаќаат за пациенти кои се лекуваат од коронавирус.

„Се донесе одлука да се направи измена во законот за здравствена заштита со кој на приватниите болници ќе се направи ограничување висината на наплата на финански средства за времетраење на кризата, поточно за лекување на коронавирус“, рече Филипче.

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека ваквата одлука е донесена по апелите од граѓаните во однос на цените што се наплаќаат во приватните болници, а кои се движат по неколку илјадници евра.

Минатата недела само приватната клиника „Жан Митрев“ соопшти дека одлучила да ги намали цените за лекување ковид-пациенти за 10%, додека од „Систина“ рекоа дека не им е исплатливо.

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи