ФИТР: Од 706 апликации, 540 се компании кои аплицирале за првпат за финансиска поддршка

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

На повикот за грантови за технолошки развој што го објави Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), најголем дел се компании кои првпат конкурираат. Од вкупно пристигнатите 706 апликации, 540 се апликации од компании кои за првпат се јавуваат на повикот.

„Анализата покажува дека и во услови на глобална пандемија, компаниите се насочени кон иновативни технолошко-напредни решенија и се подготвени да инвестираме заеднички во нивниот развој. Горд сум што добивме рекордно доставени апликации во однос на било кој досегашен јавен повик кој се спроведувал во Фондот“, рече  Коста Петров, директор на Фондот за иновации и технолошки развој, на денешната презентација.

Вкупиот обем на инвестиции од предлог-проектите изнесува 63 милиони евра, од кои речиси 27 милиони би биле влог на компаниите, додека од ФИТР побаруваат 36 милиони евра.

Од пристигнатите апликации, доминираат оние од микро компаниите (49%) по што следуваат малите компании со 47% и на крај се средните претпријатија со 37%. Најголемиот дел или 62% се компании со еден сопственик, а 27% се компании со двајца или повеќе сопственици.

Доминантно е учеството на компаниите од Скопје, но, значително е учеството и на фирми од Струмица, Тетово, Битола, Штип и останатите градови.

Доминира Скопскиот регион, но на овој повик се забележува намалено учество на Скопскиот регион, во однос на останатите региони, односно е под 50%. Позитивно е и тоа што се забележува дека сите региони имаат свој претставник, посочи Тања Илијевска од Секторот за стратешко планирање, анализа и програми за поддршка на приватен сектор во ФИТР.

Во насока на развој на женското претприемништво предност при оценувањето ќе имаат компаниите со жени управители и доаѓаат од различни региони. Тоа е една од причините што има зголемен интерес кај жените претприемачи од сите региони во земјава, па анализите покажуваат дека 45%  компании-апликанти со жена сопственик или управител.

За компаниите кои аплицирале, следи процес на примарна селекција на предлог проектите, во која оценувањето ќе го вршат домашни стручни лица од 22 области на експертиза. Оценувањето се врши врз основа на следните критериуми: технолошки напредок и степен на дигитализација (35 поени),  квалитет на проектот (10 поени), капацитет на проектниот тим (10 поени) и влијалние на проектот со по 45 поени. Сите проекти со просечна оценка од над 51 поен одат во втора фаза на оценување.

Во втората фаза проектите ќе ги разгледува Комитетот за одобрување инвестиции (КОИ), независно тело составено од петмина меѓународни експерти. На нивно барање опционално е предвиден и пичинг (јавна презентација) на предлог-проектите. За селектираната листа на предлог-проекти, тимот на ФИТР ќе врши административна проверка, односно дали апликациската документација е потполна. Потоа следува донесување на финална одлука од страна на КОИ, според дефинираните критериуми.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи