ВИДЕО- Талевски: За ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо тоа што законите денес важат подеднакво за сите


Последните акции кои ги презеде МВР за разбивање на организирана група која на незаконски начин издавала патни исправи, како и заплената на огромна количина на дрога се доказ за бескомпромисната борба против организираниот криминал и корупцијата. Ова денеска на прес конференција го истакна пратеникот од редовите на СДСМ од Прилеп, Миле Талевски.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

Овие две значајни акции каде се уапсени вработени во МВР се потврда за професионалниот, ефикасeн и неселективен пристап на полицијата во спречувањето на незаконско дејствување.

 Наместо како целата јавност да го поздрави постапувањето на полицијата од ВМРО-ДПМНЕ повторно видовме обид за одбрана на криминалот и криминалците. Додека траеше сложената акција „Двојник“ ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се обидоа да ја саботираат акцијата преку пласирање на информации во јавноста додека таа се уште траеше. Откако не им успеа обидот за саботажа, од Белиот дворец продолжија да шират лажни вести и дезинформациии за акцијата, со што свесно и неодговорно ја загрозуваат понатамошната истрага.

 ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски идентично се однесуваа и за акцијата во соработка со нашиот стратешки партнер САД и нивната ДЕА каде беше запленета поголема количина на мариихуана. Повторно лажни вести, повторно кконструкциии и повторно неосновани напади кон МВР и полицијата.

Очигледно е дека за ВМРО-ДПМНЕ не неприфатливо тоа што законите денес важат за сите подеднакво, тоа што денес никој не е над правдата и секој одговара за сторениот криминал.

Тоа не беше случај за време на режимот на ВМРО-ДПМНЕ. Јавноста памети како во 2014 година ВМРО-ДПМНЕ и тогашната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, ја заташкаа аферата во која пасоши се печатеа во приватни домови. Јавноста многу добро памети и како синот на Трајко Вељаноски беше ослободен откако беше фатен со дрога на границата со Грција.

Денес ваквите скандали се незамисливи. Напротив денес се постапува против секое прекршување на законите без разлика кој се е вмешан. Денес институциите се посветени на силна, неселективна и бескомпромисна борба против секој вид на криминал и корупција.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ можат да се обидуваат колку сакаат, но нема да ги одбранат криминалците и криминалот. Денес секој одговара за своите дела“, рече Талевски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи