Благоја Гешоски, Кире Oвезоски и Зоран Мирчески нови сопственици на 80% од акциите на Победа, претседател Емил Јанески, спортски директор Благоја Гешоски

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Благоја Гешоски, Кире Oвезоски и Зоран Мирчески членови на ФК Победа се новите сопственици на 80% од акциите на клубот. Нив акциите им ги поклонија Прилепска пиварница, Комфи Ангел, Кабелнет и Џорџ Атанасоски. Со 20% сопственост во Победа се уште останува Гоце Ингилизов. За претседател на клубот е избран Емил Јанески, а за спортски директор Благоја Гешоски. Формирано е и координатиивно тело составено од 9 членови : градоначалникот Илија Јованоски, тројцата фудбалски работници кои ги примија акциите од клубот како подарок и 5-те членови од Прилеп кои се делегати во ФФМ. Во коордиинативното тело ќе биле вклучени и членови од навивачката група и легенди поврзани со Победа. Градоначалникот Илија Јованоски истакна дека од овој момент Победа сега била фудбалски клуб на градот Прилеп.

 

 

„На првиот координативен состанок се договоривме дека од тој момент нема да има политика во „Победа“. И дека наш приоритет ќе биде интересот на „Победа“, на љубителите на фудбалот и на целата прилепска спортска јавност. Сите одлуки ќе го носиме со консензус, а не со надгласување. На Координативното тело се договоривме градоначалникот да предложи кандидат за претседател на клубот и кандидат за спортски директор на клубот. Двата предлози беа едногласно усвоени. За претседател на клубот на биде избран Емил Јанески, а за спортски директор Благоја Гешоски, кој заедно со актуелниот тренер на клубот Дарко Крстески, да го водат клубот до крајот на првенството“, истакна Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 Претседателот на клубот Емил Јанески истакна дека ситуацијата во клубот не е добра, недостасувале пред се пари, а Победа во моментов се бори за опстанок во втората лига – исток. Јанески дека е потребна помош од сите што и мислат добро на Победа, а најмногу од бизнис секторот.

„Од тука се наметнуваат целите оваа година да создадеме услови за опстанок во втората лига, а од наредната година да размислуваме да создадеме услови „Победа“ да го заземе своето место таму каде што припаѓа во Првата фудбалска лига. Јас ветувам и давам чесен збор, дека нема да се дозволи политика во ФК „Победа“, на овој стадион и во овие простории. Победа е градски проект, Победа е натпартиски проект“, рече Емил Јанески, претседател на клубот.

„И од овој момент ќе се залагам за опстанок на Победа како и за понатамошно поставување на Победа на заслуженото место и статус. Играчите ја имаат мојата целосна посветеност и поддршка и заедно со нив, со општината, со навивачите и целиот град ќе се избориме да го спасиме нашиот клуб“, истакна Благоја Гешоски, рече спортскиот директор, Благоја Гешоски.

Тренерот на Победа, Дарко Крстески, истакна дека донесувањето на ова Координативно тело било одлична работа, но можеби малку задоцнета.

„Со градоначалникот ние имавме состаноци и тој најмногу помагаше во клубот. Досега можебии немаше и да постоиме да не беше тој, но можеби некаде после Нова Година требаше да се направи ова Координативно тело и да почувствуваат и фудбалерите и јас една поддршка зад нас, да знаеме декка има некој позади нас, дека постои клуб, а досега беше тешко, бидејќи досега се чувствувавме како сами во Прилеп“, вели Дарко Крстески, тренер на „Победа“.

На денешната прес конференција никој не прокоментира ставот на прилепскиот пратеник од СДСМ, Миле Талевски, кој пред неколку дена на својот ФБ профил повика да биде повлечена последната одлука за именување на ново раководство на клубот и на негово место да биде поставен кадар, кој потекнува од ФК „Победа“ и кој ќе ја ужива поддршката од целата фудбалска јавност во Прилеп.

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи