ДЕА ја продолжува борбата против нарко мафијата во Македонија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Продолжуваме со поддршката за Северна Македонија во детектирање, спречување и ликвидација на организациите кои се се занимаваат со тргување со дрога, изјавија синоќа за МИА од Американската служба за борба против дрога (ДЕА).

ДЕА потрвди дека службеници на агенцијата се вклучени во истрагата на МВР и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција околу заплената на 200 килограми марихуана во петокот од страна на полицијата. Пазарната вредност на запленетото наркотично средство на црниот пазар е речиси еден милион долари.  

Од ДЕА не сакаа да коментираат за текот на истрагата и осомничените лица вклучени во организацијата на неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.   

Полициската акција беше изведена во петокот попладне кога на патот Прилеп – Росоман, полициските тимови го пресретнале автомобилот„Ауди А8“, во кој биле висок полициски функционер од Прилеп, и уште едно лице. Веднаш потоа е запрено патничко возило „Дачија дастер“, во кое се превезувале уште две лица, а зад нив и товарно возило „комбе“, во кое се наоѓала марихуаната спакувана во 40 картонски кутии во кои имало 400 полиетиленски пакувања.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи