На болничко лекување во Прилеп се наоѓаат 125 лица, од кои 99 на кислородна поддршка

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 5 април до 11 април 2021 година, во општина Прилеп имало 328 нови случаи на Ковид-19, додека од последици на коронавирусот починале 19 лица.

Бројот на активни случаи со КОВИД-19 изнесува 1.033. На болничко лекување се наоѓаат 125 лица, од кои 99 се на кислородна поддршка, во дневната болница се лекуваат 105 пациенти, а на домашно лекување се наоѓаат 98.

Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 7.632, а од почетокот на пандемијата, од коронавирус починалe 364 лицa.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи