Обвинителството побара притвор за Мијалков за „Трезор“, одбраната вели дека ваквото барање е неосновано

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Екс директорот на УБК Сашо Мијалков, денеска беше првостепено осуден за случајот „Трезор“ на вкупна казна затвор од 8 години.

Застапниците на обвинението за случајот „Трезор”, по објавување на пресудата за овој случај од Судот побараа на обвинетите Сашо Мијалков и Небојша Стајковиќ и да им се изрече мерката притвор до правосилност на пресудата.

„Имајќи ја предвид казната од 8 години и дека Сашо Мијалков е исклучителен моќен човек, како и неправосилната пресудата во случајот ,,Тврдина-Таргет”, предлагаме да се одреди мерката притвор за овој предмет. Причните се дека постои можност за бегство“, рече обвинителот Трајче Пеливанов.

Адвокатот Лупчо Шврговски, посочи дека не постои опасност од бегство и дека ваквото барање е неосновано.

„Кој ќе ја сноси одговорноста, кога се предлага мерка притвор, кога за овој кривично правен предмет одбраната е цврсто убедена дека нема ниту еден релевантен доказ, кој оди во прилог на обвиниенето. Напротив, изнесените докази се на страната на одбраната, но тоа ќе го истакнеме во жалбата кон Апелација.

Јавниот обвинител изрече една реченица, во контекст на тврдењето дека Мијалков како моќен човек, и како сопственик, тој лично и неговата фамилија на поголем дел од бизниси во Република Македонија, им даваат ексклузивитет и комоција дека токму поради овие причини би можел да се даде во бегство. Одбраната тврди дека ваквата теза е погрешна, и оди во прилог на тврдењето дека некој, во конкретниот случај мојот клиент, кој има повеќе бизниси во државата, во никој случај нема да го направи тоа. Тоа е причина повеќе да остане во државата. И самиот суд во своето образложение го наведе како факт коректното држење и почитување на одлуките како во однос на мерките на претпазливоста до изрекување на пресудата, во однос на предметот „Таргет Тврдина“, па тоа ни дава со право да тврдиме дека не постои опасност од бегство. Ваквото барање е неосновано“, вели одбраната на Мијалков.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи