Сојуз на земјоделски здруженија: До 30 април поверениците за тутун да се пријават за потврда-без потврда нема да важат лиценците

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Сојузот на земјоделски здруженија известуваат дека сите проценители т.е. повереници за тутун мора задолжително да се пријават за обука и потврда бидејќи спред Законот за тутун, без потврда нема да им важи лиценцата.

Пријавувањето ќе трае до 30 април. Кандидатите за изведба на обуката треба да приложат:

Фотокопија од Лиценца за процена на тутун;
Лична карта или пасош;
Копија од уплатница со уплатени 2000 денари.

„Сакаме да ги известиме сите проценители (повереници) кои имаат положено лиценца од 1997 до 2018 година треба да се пријават во Институтот за тутун во Прилеп заради одржување на обука и добивање на потврда затоа што без оваа потврда немало да важат лиценците по Законот за тутун.

За подетални информации можете да се обратите до Сојузот на земјоделски здруженија со тел број 077750499 (ВЛАТКО), до Претседателите на здруженија члени на овој сојуз или до Претседателот на Комисијата во Институтот за тутун – Ана Корубин-Алексоска со телефонски број 070308473“ – стои во соопштението на Сојузот на земјоделски здруженија.

Секој мора лично да се пријави во институтот со документацијата која ви е приложена подолу.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи