Денес на дневен рeд законите од петтиот антикризен пакет

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Законите од петтиот пакет антикризни мерки денеска се на дневен ред на собраниската Комисија за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.

На веб страната на Собранието на Република Македонија закажани се две седници на Комисијата за финансирање и буџет, а на дневен ред се предлог-законите за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност и за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза заради исплата на платите за февруари и март, како и измената на Законот за данок на личен доход, сите во второ читање.

На втората последователна седница членовите на Комисијата за финансирање и буџет треба да разгледаат повеќе предлог-закони, меѓу кои за дополнување на Законот за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници во второ читање и Предлог – закон за изменување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, исто така во второ читање.

Пред членовите на Законодавно-правната комисија, се повеќе точки, меѓу кои предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата заради заштита од илегална миграција и заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија и предлог-законот за дополнување на Законот за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници, во второ читање.

На втората последователна седница членовите на Законодавно-правната комисија треба да ги разгледаат предлог-законите за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот КОВИД-19, за месеците февруари и март 2021 година, за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот КОВИД-19, заради исплата на платите за февруари и март годинава и за измена на Законот за данок на личен доход, сите во второ читање.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи