Државен пазарен инспекторат: Немаме надлежност за контрола на цените во трговијата на мало

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

На прашањето дали може Државниот пазарен инспекторат, да ги контролира цените на производите кои изминатиов период бележат зголемување, директорот Стојко Пауновски објасни дека оваа институција не е надлежна за да ги контролира цените  во трговијата на мало.

„Државниот пазарен инспекторат врши контрола на цените, меѓутоа само на оние цени коишто се на државни ниво донесени, како заштитени или ограничени цени. За жал во трговијата на мало за најголемиот дел производи и стоки коишто се покачени овој период, немаме надлежност да ги контролираме бидејќи како држава сме ориентирани кон пазарната економија, а во пазарна економија и во приватниот сектор секој си оди од побарувачката и потрошувачката, како и од трошоците на набавка, трошоците за превоз што ги имаат како и она што им е како маржа односно заработувачка на самите претпријатија. Немаме надлежност да ги контролираме цените“, нагласи Пауновски.

Директорката на Државнот санитарен здравствен инспекторат, Иринка Сотирова Бухова, на новинарско прашање околу покачувањето на цените на лабораториските услуги, посочи дека ДСЗИ нема ингеренции да ги контролира. Тоа, како што рече, е во ингеренции на други институции.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи