Мик Џегер и Дејв Грол со пост-пандемиска рок химна

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Рокерите Мик Џегер и Дејвид Грол ги здружија силите и создадоа „пост-пандемиска химна“. Се работи за песна којашто се однесува на контроверзиите што ги среќаваме во ерата на Ковид-19, карантини, маски, Тик-ток, Зум и анти-вакцина движења.

Песната се вика „Eazy Sleazy“ и направена е по повод завршувањето на карантинот во Велика Британија, а од синоќа е објавена на платформата „Јутјуб”.

Текстот на Џегер им се потсмева на теориите на заговор и се жали за откажаните турнеи и „виртуелните премиери“. Тој исто така се шегува на сметка на танцовите игри на ТикТок и на часовите по самба, па погледнува кон „градината на земните задоволства“ што нѐ чека кога ќе бидат укинати мерките против ковид пандемијата.

„Сакав да ја споделам оваа песна што ја напишав по повод излегувањето од изолација, со толку посакуван оптимизам. Дејв, ти благодарам што ги зеде за тапаните, басот и гитарата, беше забавно да работам со тебе на овој проект. Јас се надевам дека сите ќе уживаат во тоа… Во песната Eazy Sleazy“, изјави прославениот пејач на Ролинг Стоунс, Мик Џегер (77).

„Таман кога помислив дека животот не може да стане полуд. Ова е несомнено хит на летото“, кажа Грол.

Дејв Грол (52) е американски рок-музичар, пејач и текстописец, а својата кариера ја започна во 1980-тите во рок-бендот „Скрим“, а потоа и како тапанар во славната „Нирвана“. По смртта на пејачот на „Нирвана“ – Курт Кобејн, Грол ја основа групата „Фу фајтерс“ и соработува со многу други познати музичари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи