Николовски објави повик за вработување на 10 лица кои ќе работат на сузбивање на корупција и криминал

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Кабинетот на вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, денеска објави оглас за вработување на 10 лица кои ќе бидат дел од тимот за борба против корупцијата.

„Сузбивањето на корупцијата и криминалот, бара максимална екипираност и посветност. За таа цел, за потребата од сериозна борба против корупцијата, денеска објавивме оглас за вработување 10 лица, кои со својата експертиза и посветеност ќе ни се приклучат во борбата против корупцијата.

Идните членови на тимот, ќе помогнат во креирањето и реализацијата на системски мерки за спречување и искоренување на оваа појава. Нашата цел е да го вклопиме искусниот кадар со нови, прогресивни, енергични и високоедуцирани млади луѓе кои се подготвени несебично да придонесат во создавањето коренити промени во македонското општествено делување.

Ги повикувам јавно, сите професионалци кои имаат желба и знаење да придонесат во борбата против корупцијата и да станат дел од историските процеси, да се пријават на овој оглас. Преку транспарентна и правична селекција одбираме тим кој со своето делување ќе придонесе во трајно градење правен систем, систем ослободен од корупција и општество во кој секој граѓанин ќе ја положи својата доверба.

Сега е вистинскиот момент за исчекор напред. Оваа генерација има шанса да ја предводи таа предизвикувачка и комплексна борба! Создаваме држава која гарантира иднина за секој млад човек“, напиша Николовски на својот Фејсбук профил.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи