Талевски: Пресудата за „Трезор“ е доказ зошто беше важен Законот за ЈО

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Вчерашната пресуда против обвинетите во предметот „Трезор” меѓу кои е и поранешниот шеф на Управата за безбедност и контразузнавање Сашо Мијалков, е уште една во низата потврди дека времето кога некои поединци беа над законите и дефинитивно е завршено, изјави на денешната прес конференција пратеникот од СДСМ од Прилеп, Миле Талевски.

„Се случува правда, законите важат за сите подеднакво, судството работи ослободено од стегите на политиката и партиите.

Заврши времето на селективност и неказнивост, сега е време на правда и на одговорност.

Пресудите, донесени низ докази, преку отворени, транспарентни законски постапки покажуваат дека државата има силен, независен и ефикасен правосуден систем кој испорачува правда согласно законите.

Овие пресуди покажуваат зошто беше важно носењето на Законот за Јавно обвинителство, но и зошто ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски правеа се за тој закон да не се донесе.

Токму со овој Закон продолжија предметите „Тврдина-Таргет” „Трезор” отворени од Специјалното јавно обвинителство и по кои веќе има пресуди, но и предметите „Империја” „Талир” „Плацовите на Водно” предмети кои Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на секој начин се обидуваа да ги уништат.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не успеаја да ја попречат правдата, не успеаја нивните обиди да ги заштитат криминалците во своите редови.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се единствените на браникот на криминалот, но мора што поскоро да сфатат дека времето на контролирано судство заврши, дека веќе нема нарачани и монтирани случаи како во времето на нивниот 11 годишен режим.

Повеќе нема недопирливи, нема поединци над законите.

Денес секој кој сторил какво било кривично дело одговара пред судовите, колку и тоа да е несфатливо за ВМРО-ДПМНЕ партијата заглавена во режимската матрица и на браникот на криминалот.

Почитувани, очекуваме сите други случаи и предмети отворени од Специјалното јавно обвинителство и од другите обвинителства кои се водат во судовите, да добијат епилог а лицата за кои ќе се докаже дека сториле криминал да бидат соодветни казнети“, рече Талевски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи