Филипче: Максимум 300 илјади денари за долго и комплексно лекување од Ковид во приватните болници

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Откако ќе се изгласа Законот за здравствена заштита со измените и дополнувањата, пациентите во приватните болници кои се лекуваат од Ковид – 19, ако е комплексно лекувањето и долго трае, максималната сума што треба да ја плати пациентот е 300 илјади денари, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче.

„Станува збор за сума што пациентите ја плаќаат во приватните болници, а таму заминале на своја волја да се  лекуваат, како што тоа го прават сега, а плаќаат голема сума пари. Ако треба ние да ги користиме како држава ресурсите на приватните болници, тогаш за тие ресурси не наплаќаме никаков надоместок кон приватните болници, а Фондот си ја презема услугата на плаќање. Таква ситуација засега нема“, рече Филипче.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи