Заев: Регистрирани се позитивни движења во економијата во првото тримесечје од годинава

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Регистрирани се позитивни движења во економијата во првото тримесечје од годинава, кои најлесно и најбрзо може да се детектираат преку приходната страна на буџетот, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

Наплатата на даноците е за 6,2 % повисока во однос на истиот период минатата година, од кои:

– ДДВ е повисоко за дури 11,4 % во однос на првото тримесечје од 2020;
– Данокот на добивка е на ниво повисоко за 5 %;
– Увозните давачки се повисоки за 10,4 %;
– Персоналниот данок на доход е со раст од 0,8 %;
– Придонесите се на повисоко ниво во однос на истото тримесечје лани за 3,3 %, стои во објавата на Заев.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи