Започна изградбата на спортска сала во ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ во Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Започна изградбата на спортска сала во ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ во Прилеп. Салата ќе се протега на површина од 650м2, а со нејзината изградба ќе биле обезбедени и сите реквизити потребни за квалитетна реализација на наставата по физичко и здравствено образование.

„Новата мултифункционална и енергетски ефикасна училишна спортска сала, е дел од проектот „Изградба и опремување на 145 училишни сали“, финансиран од Владата. Спортската сала во ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ ќе биде погодна за кошарка, ракомет, одбојка, мал фудбал, пинг-понг и гимнастика, спортови потребни за правилен раст и развој на децата“, напиша на својот ФБ профил, градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

Во тек е првата фаза од изградбата: обележување на објектот, снимање на теренот, чистење на хумусот,машинско ископување на земјата за темели и темелни греди, тампонирање до ниво на бетон, бетонирање на подлогата со бетон, шаловање и армирање на темели и темелни греди . Инвеститор на спортската сала е МОН, изведувач на работите е „Гранит“ АД Скопје, а стручно-техничкиот надзор ќе го извршува ЕВРО КОНСАЛТИНГ ДОО Скопје,заедно со ДИВИ МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи