Започнува вакцинацијата на граѓаните под 75 години

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Од денеска ќе може да се вакцинираат граѓаните на возраст под 75 години, кои се пријавени преку сајтот „vakcinacija.mk” или преку матичните лекари, и тие ќе добијат термини за вакцинирање во Скопје. Тоа значи дека сите граѓани на возраст од 74 и 73 години кои се пријавиле во следниот период ќе бидат вакцинирани.

„Фреквенцијата на спроведување на вакцинирање е нешто зголемена во изминатите денови и од 700 до 800 вакцинирани дневно, сега има 1000 до 1500 вакцинирани и согласно пријавените термини тоа се спроведува во сите градови“, истакна вчера Филипче.

Како што доаѓаат вакцините, така ќе се надополнуваат системи. Периодов се очекува да пристигнат 20 дози вакцини од компанијата Фајзер, 76.000 од Астра Зенека. Исто така се очекуваат и 200.000 вакцини од Кина, но треба да пристигнат и руските вакцини Спутник.

„Ќе работиме во овој период што е пред нас, очекувајќи ги кинеските вакцини што ќе направат најголема промена во динамиката на спроведување на вакцинација и места за масовна вакцинација во уште неколку градови по примерот на салата „Борис Трајковски“, а тоа ќе бидат градовите Куманово, Штип, Кавадарци, Битола, Охрид и Тетово, покривајќи соодветни региони околу овие здравствени домови што може овој процес да го изменаџираат со кадар“, додаде Филипче.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи