ИН МЕМОРИАМ – Во Мелбурн почина Гоце Груевски-Чолакот (46), поранешeн голман на Победа

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Утрово на 46-годишна возраст во Мелбурн почина Гоце Груевски- Чолакот. Груевски беше дете на ФК Победа и нејзин капитен во сезоните кога прилепскиот клуб почна да ги бележи своите најголеми клупски успеси кои му овозможија и излез на меѓународна сцена.

Гоце го чуваше голот на Победа покрај во домашните натпреварувања од 1997 до 2000 година и во настапите во Купот на УЕФА против Одра и Интертото купот против Озета Дукла Тренчин и на антологискиот двомеч со италијанската Перуџа.

Со своите одбрани во дресот на Победа го заслужи и дресот на македонската фудбалска репрезентација кој го носеше 8 пати ( 3 меча во квалификациите за СП во Јапонија и Ј.Кореја 2002 и на 5 пријателски натпревари во 2000 и 2001 година).

 

 

Потврда дека стануваше збор за еден од најдобрите голмани во тој период кај нас е фактот дека Гоце Груевски го чуваше голот на нашите најдобри клубови: Победа, Вардар, Работнички, Слога Југомагнат, Македонија ЃП и Беласица. Од 2006 година заминува за Австралија каде 14 години беше најпрво голман, а последниве години тренер на голманите во најпопуларниот клуб на Македонците во Мелбурн-Македонија Престон, а работеше и во академијата на Манчестер Сити.

Почивај во мир Гоце. Сочуство од цел Прилеп, твојата ФК Победа и сите нејзини приврзаници.

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи