Македонија избрана за „златна дестинација“ за патување од холандските туристи

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Позната холандска туристичка онлајн платформа ја прогласи Македонија за златна туристичка дестинација.

„Златна награда за дестинација за патување” (Golden Travel Destination Award) е резултат на гласање спроведено од страна холандските туристи коишто имаа задача да ја оценат нивната посета во странска земја којашто ја посетиле и воедно да потенцираат што е тоа што најмногу им се допаднало.

Највисоко е оценета локацијата на Македнија со 8.2 поени, рестораните со 8.1 и културата со 8 поени од можни 10 поени. Гостомпримството е оценето со 7.9, додека локалитетите со 7.8. Од градовите највисоко котира Охрид (8.1), а веднаш зад него се Скопје, Битола и Струга (7.6, 7.5 и 7.2).

Истражувањето е спроведено од холандската платформа Reisgraag.nl која го испитува задоволство од услугата на холандските тур-оператори, земји и туристички места низ целиот свет. Воедно, оваа платформа е и туристичка агенција која традиционално го организира настанот „Reisgraag Awards“ по повод доделување на награди на места, дестинации и земји кои добиле највисоки оцени од холандските гости.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи