На денешен ден пред 109 години потона „Титаник“, кои се вистинските причини за најголемиот бродолом

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

„Титаник“ (RMS Titanic) бил британски прекуокеански патнички брод од класата „Олимпик“ сопственост на Вајт Стар Лајн, компанија која организирала редовен прекуокеански сообраќај помеѓу Велика Британија (обично од Саутхемптон) и САД (обично до Њујорк).

Бил изграден во бродоградилиштето Харланд и Вулф. Во времето кога бил изграден, бил најголемиот патнички брод. Бил изработен според најсовремените технологии и популарно се верувало дека е „непотоплив“. Палубите и просториите од првата класа на бродот биле особено луксузни и убаво уредени.

Имал носивост од 46.328 БРТ, должина од 269,1 м, парни турбини со 59.000 коњски сили, максимална брзина при полн товар од 24 јазли (44,57 км/ч) и капацитет од 3.547 патници.

За време на првото патување, „Титаник“ удрил во санта мраз во Северниот Атлантик пред полноќ на 14 април 1912 ситни и потонал два часа и четириесет минути подоцна, на 15 април. Тоа бил голем шок за јавноста, особено што потонувањето завршило со огромни загуби од 1517 патници, што е една од најголемите поморски цивилни несреќи.

Потонувањето на Титаник пред 109 години се смета за најголемата бродска несреќа во модерната историја.

Особености

„Титаник“ ги надминува своите соперници во луксузноста и богатството. Понудил базен на палубата, гимнастичка сала, игралиште за сквеш, турска бања, кафе-бар и библиотеки во првата и втората класа. Заедничките простории во првата класа биле дизајнирани со дрвени орнаменти, скап мебел и други декорации. Главните соби во третата класа имале ѕидови од борова шума и со силен дрвен мебел. Исто така во првата и втората класа имало и берберница. Понатаму, кафето Парисиан ја нудело својата кујна на патниците од прва класа со веранда осветлена со сонце и украсена со декоративни решетки. За тој период бродот вклучубал технолошко напредни карактеристики. Имал три електрични лифтови во првата и еден во втората класа. Имал и широк електричен подсистем со генератори на пареа и распространети електрични светилки на предниот дел, две Маркони радиа, што вклучувал моќен сет од 1 500 вати на кој работеле во смени двајца работници и овозможувал постојан контакт и пренос на многу пораки од патниците. Патниците од прва класа плаќале крупна сума за ваков комфор. Најскапиот прекуокеански билет чинел 4 350 долари.

Многу години подоцна, луѓето се уште се опседнати со еден од најголемите бродоломи во историјата. Титаник важел за најголемиот брод опремен со најсовремената технологија од тоа време. Па, како еден обичен леден брег успеал да го предизвика падот на овој океански гигант? Најновите докази откриваат дека покрај парчето мраз постоеле и неколку други фактори кои придонеле за катастрофата.

Пожар во машинското одделение

Британскиот новинар Сенан Молони ја истражувал историјата на Титаник цели 30 години. По деталната анализа на фотографиите што биле направени пред поаѓањето на бродот, тој претпоставил дека причината за потонувањето е пожарот кој избил во резервоарот за гориво.

Пожарот избил пред да заплови бродот, а екипажот правел безуспешни обиди да се одржи структурата на бродот со недели. Новинарот дознал дека сопствениците на бродот знаеле за пожарот и се обиделе да го скријат тој податок од патниците со тоа што го свртеле бродот од другата страна на брегот во Саутхемптон за дамките од огнот да не бидат забележливи.

Средишниот дел на бродот се загреал и достигнал температура од 1.000 степени Целзиусови на тоа место. Кога Титаник удрил во ледениот брег, челикот почнал да се распаѓа и се создал огромен отвор во средината. Експертите потврдуваат дека цврстината на челикот може да се намали и до 75% на толку висока температура.

Двогледот бил заклучен во шкаф, а клучот останал на брегот

Токму пред поаѓање, менаџерите на компанијата за бродови „White Star Lines“ одлучиле да го заменат моменталниот капетан со Хенри Вајлд кој имал искуство со големи патнички бродови. Меѓутоа, Дејвид Блер, претходниот капетан, заборавил да му ги даде на Вајлд клучевите од кутијата каде што се наоѓал двогледот. Секако дека Титаник имал свои опсерватори, но без двоглед тие морале да се потпрат само на сопствените очи. Па така, кога го забележале ледениот брег, веќе било предоцна. Јавноста дознала дека двогледот бил заклучен дури 95 години подоцна кога клучот бил ставен на аукција.

Немало месечина која би можела да го осветли ледениот брег. На тој начин опсерваторите ќе можеле да го забележат порано. Освен тоа, ѕвездите блескале толку силно што навистина било тешко да се распознае морето од небото. Не можеле убаво да ја дефинираат линијата на хоризонтот, а тоа уште повеќе ја отежнало можноста да се забележи опасноста. Не заборавајте дека набљудувачите немале двоглед!

И покрај предупредувањата на другите бродови, Титаник не го забавил движењето во ледената зона. Ако бродот пловел малку побавно, ќе можел да го избегне катастрофалниот леден брег.

Еден од набљудувачите предупредил дека на десниот бок на бродот му се заканува опасност, но не можело да се преземат никакви мерки. Експертите исто така заклучиле дека офицерот почекал 30 секунди пред да даде наредба за промена на курсот, а тоа дополнително придонело за катастрофалниот бродолом. Имено, Титаник пак ќе удрел во ледениот брег, но само предниот дел ќе бил сериозно оштетен и бродот ќе можел да остане на површината на водата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи