Полицискиот час го прекршиле 15 лица, 480 санкции за неносење маска

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Министерството за внатрешни работи соопшти дека од 20.00 часот (14.04.2021) до 05.00 часот (15.04.2021) констатирано е дека 15 лица не ја почитувале забраната за движење.

Во однос на мерката за носење на лична заштита лице во текот на изминатото деноноќие (14/15.04.2021) на територијата на Македонија регистрирани се 480 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи