Продолжува судењето за „Меѓународен сојуз“, сведок тврди дека на Боки му дале 350 илјади евра во кеш

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за незаконското финансирање на невладината организација „Меѓународен сојуз”, за што заедно со основачот Бојан Јовановски, обвинети се уште 4 лица.

На денешното рочиште сведочат двајца претставници на „Дрим билдинг”. Судењето за овој предмет е во фаза на изведување вербални докази.

Менаџерот на компанијата „Дрим билдинг“, Ресул Лога пред Судот изјави дека на Бојан Јовановски во кеш му исплатиле 350 илјади евра како услов да бидат дел од проектот за изградба на старечки дом.

„Дополнително, на фактура на невладината „Меѓународен сојуз“, компанијата „Дрим Билдинг“, исплати уште 15 милиони денари“, сведочеше Лога.

Покрај Бојан Јовановски, обвинети се и поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, Миле Јовановски, (таткото на првообвинетиот) и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ. Јовановски е обвинет за „измама и перење пари”, Ременски за „помагање во делото измама”, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари”, а Миле Јовановски се товари за „помагање во перењето пари” и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје”. Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз”.

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи