Село од бајките: Погледнете во Хобитон, селцето на „Господарот на прстените“ и „Хобит“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Хобитон е туристичка атракција во близина на Матамата во Нов Зеланд. Селцето било изградено за снимањето на трилогијата „Хобитот“. Иако снимањето на филмот е завршено, селцето сè уште постои.

Кога Питер Џексон ја забележал фармата за време на воздушното пребарување на Северниот остров за да ја пронајде најдобрата локација за снимањето на трилогијата на филмот „Господар на прстените“, тој веднаш помислил дека токму овој простор е совршен за Хобитон.

Изградбата на локацијата започнала во март 1999 година, а снимањето започна во декември истата година. Сетот беше повторно изграден во 2011 година за играните филмови “The Hobbit: An Unexpected Journey”, “The Hobbit: The Desolation of Smaug”, и “The Hobbit: There and Back Again”.

Богатата природа нуди разновидни беспрекорни пејсажи, а  филмот многу го зголеми туризмот во Нов Зеланд и Хобитон е омилена атракција меѓу обожавателите на сагите.

Посетителите се чувствуваат како да шетаат низ вистинско село на Хобити. Хобитон е сè уште уникатно место, кое го нема никаде на друго место.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи