Филипче: На 28 април ќе стигнат 200 илјади кинески вакцини, се планира масовна вакцинација

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

На 28 април во земјава ќе стигнат 200 илјади кинески вакцини, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче, додавајќи дека веста ја добил утрово од Кинеската амбасада во земјава.

„Со оглед на тоа дека поголема пратка на вакцини која ја очекуваме е од Кина, се планира масовна вакцинација и во повеќе градови освен во Скопје, и тоа во објекти во: Куманово, Штип, Кавадарци, Битола, Охрид и Тетово, кои ќе ги покријат и околните градови“, рече Филипче.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи