Фирмите секоја година со зголемен број на жалби за државните огласи, двојно повеќе од 2017та

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Годишниот извештај на Државната комисија за жалби по јавни набавки е на разгледување во Собранието.

Фирмите што се жалеле за некоја јавна набавка, лани до Комисијата за жалби по јавни набавки уплатиле вкупно 107 илјади евра за водење на жалбени постапки, против одредени одлуки за избор на компанија за реализација на таа набавка. Овие средства завршуваат во буџетот на Државата.

Жалбите се однесувале или за доделени договори за јавни набавки, а помалку за концесии или јавно приватни партнерства.

Од податоците може да се фиди дека фирмите што учествувале на државните тендери, лани се жалеле двојно повеќе отколку три години претходно. Односно, во 2017 до Комисијата стигнале 561 жалба, во 2018 година тој број се зголемил на 737 жалби, во 2019 година бројот расте на 902 предмети, додека, пак, лани, на договорите за јавни набавки се жалеле до Комисијата дури 1.076 граѓани.

Од Комисијата сметаат дека причина за зголемениот број жалби е зголемената доверба во неа, но и намалените цени.

„Се утврдува зголемување на бројот на предмети пред Државната комисија, особено на примените жалби во 2020 година. Според комисијата, ова се должи на транспарентноста и доследно почитување на законските одредби при нејзиното одлучување, со што се зацврстува довербата кај економските оператори и договорните органи во поглед на донесените одлуки. Покрај наведеното, особено големо влијание на зголемувањето има и тоа што согласно новиот Закон за јавните набавки, намален е надоместокот за водење на жалбената постапка“, се вели во Извештајот на комисијата.

Инаку, износот на надоместот за водење на жалбена постапка пред Државната комисија, согласно Законот за јавните набавки, зависи од висината на понудата на подносителот на жалбата, и тоа до 10.000 евра во денарска противвредност надоместот изнесува 50 евра, од 10.000 до 70.000 евра надоместот е 100 евра, од 70.000 до 130.000 евра надоместот е 150 евра и над 130.000 евра надоместот изнесува 200 евра.

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи