ВИДЕО-Прилеп не е помеѓу градовите каде ќе има пункт за масовна вакцинација-се намалува бројот на заразени од Ковид 19

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Полека стивнува третиот бран на Ковид 19 во Прилеп. Попушта огромниот притисок кој го имаше здравствениот систем подолг период наназад, каде поради големата бројка на заразени во прилепската болница функционираа 6 ковид оддели заедно со новата модуларна болница. Само минатата недела беа хоспитализирани близу 150 пациенти. Според последните податоци пак оваа недела бројот на хоспитализирани за разлика од минатата се намалил за 15%, а бројот на новоинфицирани граѓани се намалил за 17%.

 

 

„Имаме благо опаѓање на пациентите кои се наоѓааат на кислородна поддршка, но се надеваме дека и тој број на намалување ќе оди во еден зголемен тренд. Бројот на пациенти во дневната амбуланта исто така се намалува, а намален е и бројот на пациентите кои ја посетуваат дневната болница“, изјави Кети Смилеска, директорка на општа болница Прилеп.

Според надлежните ова се должело на зголемениот полициски час, вакцинацијата на здравствениот персонал и тоа што голем дел граѓани во Прилеп веќе го имаат прележано Ковид 19.

„До крајот на летото или почетокот на есента очекуваме заедно со голем број прележани пациенти, како и големиот број на вакцинирани пациенти, што ќе следува во наредните 3 до 4 месеци, да се дојде до тој колективен имунитет. Наесен или доцна есента можеби ќе се очекува нов, ајде така да кажеме нов бран, но сум убеден дека тој ќе биде многу помал од претходниот и од сегашниот“, истакна Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

Но нејасно е зошто и покрај огромниот број заболени од Ковид 19, државата не го стави Прилеп помеѓу 6 градови каде ќе започне масовна вакцинација со кинеската вакцина кон крајот на овој или почетокот на идниот месец.

„Во тек се преговорите со Министерството за здравство и очекуваме дека Прилеп ќе стане следен вакцинален пункт за граѓани под 70 години, заради тоа што веќе имаме пункт за граѓани над 73 години“, додаде директорката на прилепската болница Кети Смилеска.

Инаку во овој момент во Прилеп во тек е имунизацијата на граѓани постари од 73 години. Досега се вакцинирале околу 800 граѓани, а во текот на еден ден од 60 пријавени се вакцинирале по околу 50 лица.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи