Заев: Има пари во буџетот за петтиот пакет мерки, се работи и на шесттиот пакет

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Пари во буџетот има за реализација на петтиот пакет антикризни мерки. Буџетот е стабилен и има добра наплата и во Управата за јавни приходи и во Царината, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања по средбата во Собранието со пратеничката група на Алијанса на Албанците и Алтернатива.

Потсети дека е земена еврообврзница од 700 милиони евра по најниска каматна стапка и оти наплатата и во УЈП и кај царината е поголема во однос на март минатата година.

„Финансиски сме целосно подготвени. Само во март имаме 28,6 проценти поголема наплата на царината, на акцизата и на данокот на додадена вредност од март 2020 година. Првите 10 дена, имаме 150 отсто наплата, поточно повеќе од 50 проценти наплата и во УЈП и во Царина. Податоците ги имам до 8 април и за целиот квартал и во Царина и во УЈП имаме 2 милијарди и 800 милиони денари повеќе наплатено во споредба со 2020 година. Само во осумте дена од април имаме една милијарда и 180 милиони денари повеќе наплата во споредба со осумте дена од април 2020 година од царина“, истакна Заев.

Најави дека се работи на шесттиот пакет мерки кој ќе биде насочен кон угостителскиот сектор кој поради рестриктивните мерки не работи во овој период.

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи