Колку чинат недвижностите кај нас, со 300 евра плата, 15 години ќе исплаќате стан од 55 квадрати

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Побарувачката за станови во големите градови, посебно во главниот град и натаму е во нагорна линија. Колку се движат цените за недвижностите?

Според последните податоци на Народната банка цена на квадрат во првиот квартал годинава споредено со прв квартал лани е зголемена за 3,2%. Имено, ако лани метар квадратен ве чинел 1000 евра,  сега ќе ве чини 1032 евра или стан од 55 квадрати купен за 55000 евра во 2020, сега би ве чинел 56760 евра.

Најскапите станови се продаваат во Скопје, а се движат од 1450 до 1500 евра за метар квадартен. Во поатрактивните општини, како што се Центар, Карпош и Аеродром цената на становите се движи од 1000 до 1250 евра за метар кавдаретн. Во периферните скопски населби како Гази Баба цената на становите се движи околу 850 евра за метар квадратен.

Ако се земе дека просечната цена на метар квадратен е околу 1000 евра, тоа значи дека стан од 55 квадратни метри чини 55000 евра. Ако земаме просечна плата од 300 евра што е 3600 евра годишно, и целата плата ја даваме за да го исплатиме станот, ќе ни требаат 15 години за да исплатиме еден стан од 55000 евра.

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи