ЦУК за случајот со Златко Божинов: Постојат мали пропусти, но проблемот е институционален, никој не побара хеликоптер

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Центарот за управување со кризи го презентираше конечниот извештај на Комисија за утврдување на правилноста во примената на мапите на работен процес формирана на 5 април за работењето на РЦУК Кратово, РЦУК Куманово и Дежурниот оперативен центар (ДОЦ) на ЦУК, во врска со настанот во Општина Kратово за спасување на настраданиот Златко Божинов од мозочен удар и премрзнување од високопланинското село Емирица.

Комисијата изготви информација со опис на самиот настан и детална анализа со констатирани забелешки во самите мапи на работен процес, со препораки како да се постапува во иднина.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов на денешната прес-конференција соопшти дека постојат мали пропусти, но дека проблемот воглавно е институционален.

„Ретко кој го знае бројот 195, иако во иднина бројот 112 ќе се користи за сите служби. Се работи за несовршен систем со слабости, но за пет до шест месеци истите ќе се отстранат. Дежурниот оперативец е лице со преживеана сообраќајна несреќа и има мали деца, а во случајов професионално си ја вршел работата. Формирана беше Комисија за случајот во Кратовско. Ние не сме предвидени за единечни случаи, но ги решаваме и нив. Целиот систем за управување со кризи има слабости, пренатрупани проблеми и систематска слабост, кој ќе биде надмината во наредниот период. Ова е слабост во пишаните процедури“, рече Ангелов.

Тој исто така соопшти дека ќе предложи да му се додели медал за докторот што бил на лице место и дека настанот ќе пројде во ЈО, за да се види дали некој ќе одговара и кривично за смртта на Златко Божинов.

„Да бараме од докторот да се извини е тежок збор, но да каже дека погрешил со тоа што рекол дека сме рекле дека сме ненадлежни. Јас сум отрпнат, долго сум во политиката, но овие луѓе не го заслужија тоа. Немам изјавено дека ние не сме надлежни, постојано бевме во тек со ситуацијата“, вели Ангелов.

Љупчо Крстевски, кој што е дежурен оперативец во ЦУК и кој прв го добил повикот за помош за Златко Божинов изјави дека не добил барање за хеликоптер, ниту од докторот кој што бил на лице место, ниту од директорот на Здравствен дом Кратово.

„Беше побарано само теренско возило, никој не побарал хеликоптер, не знам од каде тоа беше пласирано во медиумите“, изјавија од ЦУК.

Во болницата во Штип на 6-ти април почина 63-годишниот жител на кратовското село Емирица, Златко Божинов, кој 5 часа бил носен на раце низ тешко прооден планински терен за да се спаси неговиот живот. Божинов бил пронајден во тешка здравствена состојба, откако 12 часа лежел на снег во близина на домот, имал мозочно крварење и бил во кома.

Една од институциите кон којашто беше вперен прстот , беше токму Центарот за управување со кризи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи