Успешна втора трансплантација на срце во Македонија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Шест минути после полноќ, министерот за здравство Венко Филипче објави дека на Клиника во тек се подготовките за трансплантација на срце.

„Петок на полноќ се прави подготовка за втора трансплантација на срце во историјата на нашата земја. Ова се дел од колегите на Кардиохирургија кои се дежурни вечерва, им посакувам многу успех на сите, да им држиме среќа“, напиша министерот.

Ова е втората трансплантација на срце во Македонија. Операцијата заврши успешно во 4 часот утрово, а срцето го доби момче на дваесетина години, кое подолго време чекало за трансплантација. Донор е помлада девојка која загинала во сообраќајка, а нејзиното семејство дало согласност за донација на органите.

„Во 3 часот и 33 минути утринава кај 27-годишно момче зачука ново, донирано срце! Ова е втора  извршена трансплантација на срце во историјата на државата, на Клиниката за кардиохирургија. 

Честитки до сите колеги и благодарност до целиот тим кој во текот на целата вечер неуморно работеше! Ова  е огромен успех на македонското здравство, кој немаше да биде возможен без согласноста за донирање органи од семејството на младата пациентка која прерано го загуби животот.

Горд сум на моите колеги!“ – напиша Филипче.

Првата трансплантација на срце беше извршена во мај минатата година кога донор беше починатата 43- годишна пациентка, Емилија Динева, чие семејство се согласи да го донира срцето, а  пациент беше 53 годишниот Иван Огненовски, кој долго време чекаше донор.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи