Мариово, област со прекрасна природа, која никогаш не била потурчена


Уште од дамнешни времиња областа е позната под името Мариово. На повеќе места и пишани историски извори се среќаваат слични и малку видоизменети облици на името Мариово, како: Морихово, Мерихова, Марина, Марихово, Мориево.

с. Витолиште
Магаре во с. Витолиште
с. Витолиште

Најпознатото и раширено предание за потеклото на името е легендата во која се вели дека некој турски бег сакал да ја земе за жена во својот харем преубавата девојка Марија од овој крај. По долгите натегањa, Марија се согласила да оди во харемот на бегот, но под услов во целиот крај да не се врши потурчување (исламизирање), да не се населуваат Турци и да се градат џамии.

Договорот бил испочитуван и целиот крај бил спасен од насилните потурчувања и зулуми. Во знак на благодарност населението во чест на убавата Марија која го спасила целиот крај го дало името Мариово.

Меѓу населението е позната уште една слична легенда која вели дека името на Мариово потекнува од неговата владетелка Марија – Мара која се поврзува и со онаа легенда за настанокот на манастирот Трескавец. Имено, во овој крај живеела Марија која била прочуена по својата убавина заради што султанот Мурат ја зел за жена, додека едно друга верзија вели – посестрима во дворецот. Меѓутоа, девојката која Турците ја викале Кала Мара или Тамар Мара не сакала да се потурчи и покрај нивните настојувања таа продолжила да си ја исповеда христијанската вера. Поради ова со цел да ги смири духовните поглавари султанот би лприморан да ја тргне Мара од својот двор, а бидејќи ја сакал и почитувал ѝ предложил да се врати во својот роден крај и со него да управува, на што таа се сложила. На пат за Мариово таа се задржала извесно време во манастирот Трескавец каде што изразила желба да се замонаши, што пак не ѝ било дозволено од свештениците кои ја сметале за „грешна душа“ и престапничка. Таа многу се налутила и дала заповед да се запали манастирот, по што го продолжила патот за Мариово каде се населила во селото Витолиште во „мирна земја“, останувајќи и владеејќи со целата област до крајот на животот. Од тогаш областа била наречена Мариово, а Турците ја викале Мариова што во превод значи Мариина земја.

Манастир Св. Илија с. Мелница

Одлики и особини

Во Мариово отсекогаш во минатото па се до денес живееле само православни Македонци. За време на Отоманското Царство и за разлика од сите околни и соседни области како Меглен, Тиквеш во Мариово немало ниту исламизација на населението, ниту пак воопшто имало населување на турско и муслиманско население. Поради природно-географските одлики и местоположбата како и заради општествено-управните услови во минатото жителите на Мариово развиле посебни душевни карактеристики и однесување кое ги разликувало и одликувало од сите останати околни жители во Македонија.

Имено, послободниот живот во оддалечен и позафрлен планински крај подалеку од турските насилства и несигурности, кај мариовците развиле дух и одлики на слободољубивост, борбеност, храброст, непокорливост, јунаштво, бунтовност.

Ваквиот живот ослободен растоварен од несреќи, непогоди, насилства придонел да се развие прилично весел дух и расположение кај мариовците кои се надалеку познати по својата шегобијност и хумор, за што се сведоштво големиот број шегобијни народни приказни за Итар Пејо мариовецот, шеги, досетки и вицови. Истовремено суровите планински услови придонеле мариовците да се одликуваат и со голема итрина, снаодливост, издржливост и мудрост.

Црна река и Расимбегов мост

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи