Граѓанскиот активизам во време на здравствена криза

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Гледано низ призмата на граѓанскиот активизам, секоја криза претставува „лакмусов тест“ на граѓаните кон системот на државата. Во кризна ситуација, слабостите и судирите во рамки на демократијата, владеење на правото, правата и обврските и конкретно активизмот како алатка се детерминираат преку принципот за обезбедување простор за креативно и посветено ангажирање. Секој чинител во општествениот поредок е еднакво должен кон преземање активности со што ќе се промени актуелната состојба.

Па така, во изминатиот период во време на здравствена криза, клучни чинители беа активистите на граѓанските организации кои придонесоа преку реализирање на теренски акции за информирање, помош во остварување на основните човекови права, како и преку организирање на хуманитарни акции со што се излезе во пресрет на граѓаните, особено од маргинализираните заедници кои и така постојано живеат во вонредни услови.

Доброто управување од страна на државата, би било премногу оптимистички да се тврди дека може да се спречи здравствената кризи, но сепак може да биде од помош, затоа што со доброто управување и примената на секаков вид активизам се придобиваат низа општествени бенефиции. Оттука, хипотезата е дека критичните времиња се идеална прилика да видиме што ќе се случува во иднина и затоа активизмот треба да биде основна алатка и механизам на секоја држава за справување со криза. За жал, во нашата држава, граѓанскиот активизам не е систематизиран како механизам на државата, па ни се нуди како опција. Од друга страна, многу е важно какви техники ќе се користат кога ќе се излезе на терен при утврдување на фактичка состојба.

Активизмот во време на криза – не е барање, туку крик за помош и секој од нас има одговорност да помогне на оние на кои им е најпотребно!

Секој од граѓанските активисти на директен или индиректен начин, биле вклучени во некакви активости за придонес во подобрување на определена состојба. Но во суштина, секогаш е мал процентот на луѓе кои се спремни да дадат поддршка и да учествуваат во придонес на процесот и покрај очигледно алармантната ситуација. Многу често наидува на причината дека „моето присуство не менува ништо“.

„Перцепцијата е реалност“ – премногу гледаме за индивидуалните, а не за колективните интереси. Иако кризата сите не засега, меѓутоа не сме сите на исто ниво!

Клучно што недостасува во процесот на делување е солидарноста помеѓу секоја морална индивидуа, да си подадат рака еден на друг, односно тие кои што имаат повеќе да им дадат на оние коишто имаат помалку. Само на тој начин ќе се справиме во борбата за надминување на кризната состојба за која сите се залагаме во даден момент.

Кога ќе се спомене поимот граѓански активизам, тој мора да се поврзе со граѓаните, вклучувајќи ги во себе материјалните, духовните и моралните вредности. Самиот поим активизам дава сознание дека странува збор за состојба која се презема за определена ситуација, во дадено општество кое се смета за ситуизирано-евалуирано.

Преземањето акција со определена цел, односно спроведување одредена активност или комбинација на акции за да се предизвикаат посакувани и очекувани последици и резултати, означуваат целокупен активизам. Оттука, како карактеристика на граѓанското општество, активизмот значи неприфаќање на пасивната улога на која се сведени граѓаните во услови на претставничка демократија или на некој недемократски режим и нивно ангажирање за подигање на свеста околу некое прашање или влијаење врз процесот на одлучување.

Процесот на будење активизам на граѓаните не е ниту лесен, ниту пак брз. Сепак, младите и граѓанското општеството се тука да го кренат гласот и да бидат проактивни во напорите при барањето да се надмине кризната состојба!

Лидерот Мартин Лутер Кинг вели дека „Понекогаш доаѓа време кога човек мора да заземе положба која не е ниту безбедна, ниту политичка, ниту популарна, но мора да ја зазаеме бидејќи совеста му вели дека така е правилно“.

Во овој контекст, подобрувањето на грашанскиот активизам на секој човек ја има главната улога за напредок на општеството, тој е столб на секоја држава, како и столб на солидарноста и достоинството. Содржината на активизмот се пренесува од генерација на генерација , бидејќи ништо не се менува само по себе, потребно е да се потруди секој од граѓански активист, а секој миг треба да се искористи за да се придонесе за промена кај луѓето и општеството.

Генерален заклучок за активизам во време на криза е надлежните министерства и државата да покаже отворена желба и да соработува со здруженијата на граѓани и активистите, како и со младите кои ја познаваат реалната состојба на теренот. Потоа, со видлива алокација на буџетски средства да се преземат потребните мерки, за да се применливи и достапни за крајните корисници – граѓаните.

Автор: Станица П.Е.Т.

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи