ВИДЕО – Пожар пеплоса куќа на улица „Ристо Крле“ во Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Голем пожар кој започнал попладнево околу 18.00 часот и кој во моментов се уште е во тек целосно пеплоса куќа на улицата „Ристо Крле“ во Прилеп, во близина на прилепскиот театар. Екипи на ТППЕ Прилеп во моментов се борат со огнената стихија. На терен се излезени 4 возила и 10 пожарникари. Според првичните информации засега не се знае од што настанал пожарот. Во огнената стихија нема повредени, ниту жртви. Повеќе информации се очекуваат подоцна.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи