Димитров: Петтиот пакет на мерки е задоцнет, но ќе има ефект

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Петтиот сет на економски мерки, иако задоцни сепак ќе даде позитивни ефекти за зачувување на работните места и отварање на фабричките хали, е ставот на претседателот на Организација на работодавачи, Ангел Димитров.

Посочува дека во изминатиот период, како што политичарите калкулирале во Собранието, така и работодавците калкулирале, анализирале и чекале што ќе се случи.

Димитров потенцира сепак дека оние фирми кои имаат кредити и долгови, најверојатно нема да се одлучат за државната помош и нема да ги вратат отпуштените работници.

„Затоа што знаеме дека финансиската помош е најмалку е околу 14.500 денари. Но, компаниите мора да ги платат и придонесите и ако имаат други обврски, тогаш состојбата станува покритична. Така да секој работодавач сам ќе одлучи, но во секој случај помошта беше неопходна и ќе спаси, голем број работни места“, рече Димитров.

Димитров вели дека за трудоинтензивните гранки потребен е и шестти пакет на мерки, бидејќи во моментов поради локдаунот во Германија и во земјите каде се извезуваат производите нема потрошувачка на пазарот, а и странските партнери не бараат нови нарачки. Но, до јуни ќе се знае состојбата на овие странски пазари и дали со имунизацијата на населението економијата ќе почне да заздравува.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи