Добредојдовте на планетата Земја 1.2! – Одбележување на месецот на планетата Земја

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Четириест извидници беа во посета на планетата Земја 1.2 каде ги пречека богот Ззз. Тој одржа мал говор за добредојде на неговиот јазик, а за да го разбереме, си имаше и личен преведувач.

Во одреден период од денот, на одредена локација, посетителите на оваа планета можеа да ги сретнат боговите Земјос и Земјоса. Најбрзите посетители пак, добија шанса лично да се запознаат и да се фотографираат со овие богови.

За да останат на оваа планета, извидниците имаа задача да извршат одредени предизвици, на пример да се фотографираат со овошје, со визит карта, на паркиг, со „Маркови Кули“ и слично. Допуштено им беше да ја користат нивната креативност, а за поголем успех на екипата, задолжителна беше тимската работа. На најдобрата екипа, династијата Земјоси ѝ додели реупотребливи шишиња и кутии за храна.

Со оваа активност го одбележавме Месецот на планетата Земја, но тука не запира нашата грижа за неа. Ние како извидници ја цениме и сакаме природата, а со тоа покажуваме и љубов кон нашата единствена планета. Се трудиме на секој можен начин нашата грижа да ја пренесеме кај секого и да пренесеме порака: Немаме резервна планета!

Со извиднички поздрав ЗДРАВО!

Веселина Јованоска

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи