„Живите училишта“ се претворија во „училишта без живот“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Во нашето образование моментално има сериозни проблеми предизвикани од пандемијата за кои скоро никој од надлежните не сака да зборува. Наставата во/под Корона услови очигледно ќе трае уште некое време и ако сакаме непречено да функционира нашиот образовен систем, мора да започнеме со решавање на проблемите предизвикани од пандемијата.

Иако постојат повеќе проблеми, во оваа прилика јас ќе спомнам само четири.

 

Првиот проблем е преобемната работа, односно дополнителната обврската што им е наметната на наставниците. Имено, дел од наставниците одржуваат два пати повеќе часови од вообичаеното. Во две смени со физичко присуство или една смена со физичко присуство и една смена онлајн и на тој начин завршуваат две работи, но се платени само за една.

Никаде го нема додатокот за прекувремена работа кој што министерката Мила Царовска го најави во Октомври 2020 година.

Денес во Македонија само наставник може да извршува две работи, без службена/писмена наредба, а да земе плата за една. 

Треба да знаете дека сето тоа наставниците го прават само заради своите ученици.  Но исто така важно е да знаете дека постојат и административни обврски на наставникот кои се трупаат и бараат дополнителна енергија и дополнително време надвор од наставата. Но во сучајов не се проблем само парите, туку и квалитетот на наставата.

 

Втор проблем е надоместокот на зголемените трошоци што ги прават наставниците поради организирање на часови, особено затоа што многумина од нас не добивме соодветна опрема за одржување на онлајн наставата.

Лаптопите што им беа ветени на колегите од предметна настава на почетокот од учебната 2020/2021 година сеуште не се стигнати, а ние одделенските наставници пак, работиме на репарирани персонални компјутери кои се стари и повеќе од 10 години (добиени преку проектот “Компјутер за секое дете”), па често се нефункционални.  Голем дел од нас бевме приморани самите да си купиме IT опрема.  Тоа до ден денес никој не го зеде во предвид.

Наставниците користат свои компјутери, користат сопствен интернет и мобилен телефон… домашниот буџет им е оптоварен за службена работа.  Ако на некој му е наредено да работи со свои ресурси, работодавачот има обврска да ги надомести направените трошоци или да создаде услови за работа од училиште.

Медиумите и социјалните мрежи се полни со критики и напади кон просветните работници. Но да не заборавиме дека власта кога делеше ваучери по разни основи, не им подели на просветните работници за да можат непречено да работат.

 

Третиот проблем е боледувањето. Во моментов голем број на просветни работници се заразени со коронавирусот, некои за жал и ја изгубија битката со ова зло, а уште многу други се во самоизолација.

Не постои никаков додаток за наставниците кои се позитивни на Ковид19.  Дел од нив одржувале настава со физичко присуство, па откако биле позитивни се префрлиле на онлајн настава и во системот се водат како здрави иако всушност се во изолација и се лекуваат.

Тоа е поради пропустите во организирањето на работата на наставниците, па доколку наставникот отвори и користи боледување тоа негативно му се одразува на месечната плата, т.е му е намалена и на негово место треба да дојде замена.  Но  често пати нема замена за овие наставници, или доколку има таа доцни од 10 до 15 дена.

Па така наставниците со влошена здравствена состојба се приморани да одржуваат онлајн настава, пак поради истата причина која ја спомнав погоре (само поради своите ученици).

 

Четвртиот проблем е тоа што помошниот персонал е изложен на опасност од заразување, па доколку дојде до тоа нема соодветна и навремена замена за истиот.

Треба да знаеме дека за нив се поставени дополнителни барања, бидејќи покрај зголемените потреби за одржување хигиена во училишните згради, тие вршат евиденција на луѓе кои доаѓаат на училиште.

Исто така им мерат температура и вршат дезинфекција на сите ученици кои се со физичко присуство, како и на сите вработени во училиштето.  Често пати при недостаток на помошен персонал наставниците се тие кои излегуваат во пресрет и помагаат да се спроведат протоколите во целост.

Дали живите училишта се претворија во училишта без живот?

 

Автор: м-р Гоце Бумбароски, одделенски наставник, во ООУ Кочо Рацин – Прилеп

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи