Левица Прилеп: Субвенциите за клими и велосипеди во Прилеп распределени на блиски луѓе на власта

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Не стивнуваат реакциите на граѓаните за малверзацијата која им ја приреди Општина Прилеп со петте милиони денари субвенција, односно надомест на дел од трошоци за инвертер клими и велосипеди. Велат во денешната реакција од Левица Прилеп.

 

Реакцијата ја пренесуваме во целост.

„Според нашите информации, целиот процес бил наместен за блиски луѓе, роднини и пријатели на власта во Прилеп, па и за мал дел членови на СДСМ уште и пред да почне.

Сомнежите се дека се работело плански и организирано во неколку фази:

  • На десетина дена пред самиот старт, се правеле списоци на блиски луѓе што биле заинтересирани за оваа мерка;
  • Една недела пред почетокот биле упатени до неколку претходно договорени за процент локални продавници, каде требало да остават контакт информации – Име, Презиме и телефонски број. Тука биле забележани од случајни минувачи како чекале во редици;
  • Во меѓувреме ги подготвувале и останатите документи како имотен лист и слично;
  • Утрото, на самиот почеток, си ги подигнале фискалните сметки, со што биле во голема предност пред сите други кои законски ја следеле процедурата, со што ако е сето ова вистина станува збор за ОШТЕТЕНИ ГРАЃАНИ!

Поради небулозното правило „прв пријавен-прв услужен”, а без притоа да се води контрола со редоследни броеви, се создаде и дополнително незадоволство од предвремениот прекин на повикот, со изговор дека бројот на пријавени е постигнат. Останатите граѓани, кои се изложиле на трошок, единствено поради мерката која долго ја очекувале и се’ уште имале рок на пријава, според првичниот повик на општината, останале извисени.

Прилепчани се сомневаат дека дел од добитниците на субвенции, климите и велосипедите – сите се купени во само еден, до два часа по отворањето на тие неколку продавници во истиот ден на старт на повикот, што е физички невозможно да се купат 300-400 клими и велосипеди во еден час од 2-3 продавници.

Локалниот огранок Левица – Прилеп поднесе барање за увид на целата документација до Општина Прилеп“, велат од Левица Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи