МОН: Електронски учебници од 4. до 9. одделение, секое училиште ќе може да отпечати учебници за секој ученик кој нема можност за електронски учебници

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Новиот Закон за учебници и други наставни и дидактички материјали кој е дел од планот за реформа на националниот образовен систем е изготвен врз основа на анализи на позитивни практики од повеќе развиени земји во Европа кои го имаат надминато системот на класична употреба на учебник. Воспоставувањето на систем на отворени образовни ресурси е тенденција кон која се стремат и земјите во развој, вклучително и Македонија, информира Министерството за образование и наука.

„Тоа е една од клучните придобивки кои ги обезбедува новото законско решение, а во интерес на унапредување на квалитетот на наставата и воопшто на воспитно образовниот процес во државата. По секој предмет повеќе нема да постои само еден извор на информации, туку ќе се користат најмногу до три учебници, што ги насочува учениците кон истражување и анализа пред да донесат заклучоци и да меморираат знаења“, велат од МОН.

Од таму додават дека дигитализацијата ќе обезбеди лесна достапност на материјалите за учење, кои стануваат интерактивни и збогатени со мултимедиални содржини –  филмови, анимации, видео прикази, галерија на слики и задачи, како и нивно поедноставно ажурирање со најнови податоци и факти пред почетокот на секоја учебна година.

„Но, имајќи ја предвид автономијата на наставниците во изборот на материјали и средства за настава, тие можат да отпечатат дел од материјалите за потребите на часот, односно училиштата ќе можат целосно да го отпечатат учебникот за секој ученик  кој поради било каква причина нема можност да ги користи електронските учебници.

Така што, материјалите за учење и понатаму остануваат бесплатни за сите ученици, вклучително и за учениците со оштетен вид за кои државата ќе печати учебници на Брајово писмо, покрај достапноста на секој учебник во аудио формат. Инклузивноста е основен принципи врз кои е создадено новото законско решение, кое меѓудругото ќе обезбеди и учебници без грешки, нелогичности и стереотипи, како и содржина која ќе биде напишана на авторски јазик разбирлив за учениците и соодветната возраст на учениците“, велат од МОН.

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи