Припадник на Армијата се здобил со прострелна рана при воени вежби на полигонот „Криволак“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Војник е повреден со пиштол во стапалото при изведување воени вежби на воениот полигон „Криволак“.

Во полициската станица во Неготино било пријавено дека околу 13 часот при изведување воени вежби на воениот полигон „Криволак“ припадник на Армијата се здобил со прострелна рана од пиштол во пределот на стапалото. Повредениот бил пренесен во Општата болница Кавадарци за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ОВР-Кавадарци.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи