Хит во Тетово: Велосипедска патека со пречки

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Новата велосипедска лента по должина на булеварот Илинденска во Тетово стана хит, но и предмет на исмевање преку социјалните мрежи.

Првично добрата идеја, доби катастрофална реализација. Обележана е со црвена боја и оди од двете страни на булеварот, но неа има голем број на препреки како бетонски елементи, високи тротоари, а има и по некој контејнер.

„Велосипедските патеки во Тетово се најдобриот одраз на менталниот склоп на власта преку импровизација – без стратегија, без сериозен пристап и само за гледање и читање!“, стои во објава на Фејсбук.

„Има пречки како да ја играш ‘Супер Марио‘“, „Мене ми личи како Тетово да се подготвува за Олимпијадата во 2022 во дисциплината трка со пречки“, „Пред една година бев дел од групата која бараше велосипедска патека во Тетово, но вака не ја замислував“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Од Општина Тетово велат дека велосипедската патека се уште нѐ е завршена, а овие пречки ќе бидат отстранети.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи