Џафери: Ни во воена состојба, пратениците не се ограничени во движење

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Со протоколот кој е донесен во јули 2020 година, кога јас бев во болница, пратениците имаат право да дојдат и да гласаат во посебни услови, вели Талат Џафери,претседателот на Собранието за „Дојче Веле“.

„Вчера пратениците кои се заразени со Ковид-19, беа донесени во посебни простории и според посебен протокол. Опозициските пратеници, откако дознаа за тоа од медиумите, покажаа спремност за учество на седниците. Двете седници не траеја подолго од еден час.

Ни во воена состојба пратениците не се ограничени во движењето. Нивен личен став е дали ќе дојдат на седница. Јас не можам да му наредам на пратеник да не дојде на седница. Според ‘Протоколот за спроведување гласање за пратеници кои се наоѓаат во домашна изолација’, тие имаат право да дојдат и да гласаат во посебни услови утврдени со протоколот, кој е донесен во јули 2020 година, кога јас бев во болница. Како дојде Арбен Зибери да гласа за избор на Владата? Па според истиот протокол кој се применува повеќе од осум месеци“, рече Џафери.

Џафери истакна дека се раководи од член 62 став 1 од Деловникот според кој „претседателот на Собранието со потпретседателите се грижи за остварување на правата на пратениците и за обезбедување услови за нивната работа“.

„Јас имам обврска да обезбедам услови за сите пратеници да имаат можност да учествуваат во работата на Собранието. Според протоколот, тоа значи да бидат обезбедени сите посебни услови и мерки под кои тие можат да дојдат, да учествуваат во работата и да гласаат. Тука спаѓаат повеќе постапки – од процедури за влез во парламентот, преку дезинфекција (пред и потоа) на посебните кабини во кои може да присуствуваат пратениците што доаѓаат од домашна изолација, па се до посебен список каде тие ќе стават потпис за присуство, за да не бидат во комуникација со списокот за другите пратеници, и ред други превентивни мерки “, вели Џафери.

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи