Куќата на Блаже Конески во Небрегово е прогласена за спомен дом


Блаже Конески (Небрегово, 19 декември 1921 – Скопје, 7 декември 1993) е истакнат македонски книжевен, културен и јавен работник, академик, поет, прозаист, есеист, книжевен историчар, филолог и јазичар, преведувач и професор на Филозофскиот факултет во Скопје.

Тој бил и еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик и значајна личност во македонската книжевност.

Годинава е 100-годишнината од раѓањето на Конески и е запишана во календарот на значајни јубилеи подржани од УНЕСКО.

Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил објави дека оваа година како посебно оддавање почит за Блаже Конески и неговото дело е прогласувањето на неговата родна куќа за спомен дом, како значаен споменик на културата од македонската рурална артитектура.

„Оваа година Македонија на светот му го принесе духовното наследство на Блаже Конески како сведоштво за нашата посебност и автентичен идентитет, а светот го прифати овој наш дар и 100 годишнината од раѓањето на Конески го вклучи во календарот на значајните настани за 2021 на УНЕСКО.

Како наш дополнителен придонес за оддавање почит на неговото големо дело, родната куќа на академик Блаже Конески во Небрегово е прогласена за спомен дом, како значаен споменик на културата од македонската рурална архитектура.

Куќата на големиот поет и македонист е уредена во духот на архитектонскиот стил од крајот на 19 век, кога и била изградена со елементи според автентичниот изглед кога е изградена, а денес, дел од собите се музејски простории и места за културни средби.

Денес таа е меморијален и едукативен центар, отворен за поетски и духовни средби и сведоштво кое ја потврдува мисијата на Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите, како препознаена и заштитена убавина од нашето минато која му припаѓа и на светот“, напиша Заев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи