Менталното здравје како клучен играч во животната борба


Да бидеме добро во ваков период, може многу да им помогне на оние кои го „преживуваат“ истиот. Не можеме да се вратиме назад и да го смениме она што се случило, но можеме свесно да го прифатиме и да се соочиме со она што ќе нѐ води до крајот.

Кога се соочуваме со криза, првото нешто што е погодено е нашето ментално здравје. И колку и да звучи ирoнично, истото тоа ментално здравје ќе нѝ помогне да ја преживееме истата. Во период на криза, нашиот мозок значително го намалува функционирањето што нѝ овозможува да планираме на подолг временски период и се сведува на моментално размислување кон непосреден и близок одговор на закана. Доколку ова функционирање на мозокoт продолжи, тоа ја намалува неговата способност да се смири. На средина на една ваква криза како што е сега со Ковид-19, мозокот да остане смирен е нешто што нѝ треба повеќе од било што. Да се препознае кризата на живеењето е првиот чекор кон воспоставување на рамнотежа во нашето размислување и во нашето здравје. Важно е да сме свесни дека постојат работи кои можеме да ги контролираме и работи кои се целосно надвор од наша контрола.

Постојаната грижа може да доведе до зголемена вознемиреност во нашето тело, што може многу да влијае на нашето физичко и ментално здравје. Стресот и анксиозноста може да влијаат врз нашиот имунолошки систем, што може да нѐ направи поранливи во период каде треба да се бориме со заразна болест.

Постојат многу начини на кои би можеле да ја намалиме агонијата и анксиозноста за време на вакви периоди.

Најбитно е да можеме да се обратиме едни кон други, да најдеме креативни начини да се поддржуваме едни со други и да покажеме емпатичност едни кон други. Практикувањето на епматијата како вештина може да биде еден долг пат кон способноста да научиме да се смириме самите себе. Надежта е дел од карактерот на една личност. Не се раѓаме со надеж. Таа може дa се развие со тек на време.

Во сето ова сме заедно. Да продолжиме да се држиме заедно!

Автор:  Лела Јурукова

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи