465 милиони долари за првата сезона од „Господарот на прстените“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


465 милиони долари ќе чини првата сезона од серијата „Господарот на прстените“, што ја прави една од најскапите продукции во историјата воопшто.

Кога „Амазон“ ги откупи правата за франшизата од Толкин за 250 милиони долари во 2017 година, најави дека планира да плати 500 милиони долари за повеќе сезони, но со оглед на фактот дека само првата сезона ќе кошта толку, сигурно ќе бидат потребни многу повеќе средства од првично планираните.

„Можам само да ви кажам дека ‘Амазон’ ќе потроши 465 милиони долари само за првата сезона. Тоа е фантастично. Тоа ќе биде најголемата телевизиска серија некогаш снимена“, изјави Стјуарт Неш, министерот за економски развој и туризам на Нов Зеланд.

Дејството на серијата ќе се случува во Второто доба на Средна земја, период кој е илјадници години пред случувањата во „Хобит“ и „Господар на прстените“.

Планирано е да се снимат 5 сезони, но и неколку спиноф серии.

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи