Владата одлучува за рестриктивните мерки на денешната седница

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Забраната и посебниот режим на движење на граѓаните во временски период од 20 часот до 5 часот наредниот ден, што беше воведена на 6 април завршува денеска.

Од Комисијата за заразни болести вчера информираа дека донеле препорака за продолжување на рестриктивните мерки во наредните 7 дена.

Владата денеска на седница ќе ја разгледа препораката од Комисијата за заразни болести, а што ја разгледа и Кризниот штаб, за продолжување на рестриктивните мерки.

Тоа значи дека полицискиот час и во текот на оваа недела ќе почнува во 20 часот, а угостителските објекти ќе бидат затворени. Со последните рестрикции, воведена беше забрана и за работа на сите обложувачници, сали наменети за вежбање, како и организирањето на секаков вид семинари и конференции.

Владината прес-служба вчера соопшти дека во случај на потврдување на трендот на опаѓање, Главниот координативен штаб ќе ја разгледа можноста за намалување на рестрикциите, исклучиво во случај на континуитет во падот на бројот на заразени и бројот на хоспитализирани лица.

Ваквата одлука би се однесувала и за периодот од 27 април 2021 година, заклучно со 15 мај 2021 година, да се отворат угостителските објекти за работа со гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел); забраната и посебниот режим на движење да почнува од 21 часот до 5 часот наредниот ден; да ги разгледа можностите при намалување на рестриктивните мерки да се дозволи организирање спортски тренинзи организирани од страна на фитнес-центри/клубови на отворен простор (наместо во затворена спортска вежбалница/сала); други мерки во зависност од епидемиолошките текови и состојби во државата.

Наведените предлог-мерки на Комисијата за заразни болести ќе се разгледуваат исклучиво доколку се задржат трендовите на опаѓање на бројките на новозараени и хоспитализирани лица за што клучно е почитувањето на личните мерки за заштита од Ковид-19 и активните протоколи за функционирање во услови на ковид-19, стои во писменото известување од надлежните.

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи