Напладне протест на угостителите и туристичките работници

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Туристичко-угостителскиот сектор денеска напладне ќе протестира пред Министерството за финансии се до исполнување на нивните барања. Бараат еднократна финансиска помош за регистрираните угостителски објекти на кои повеќе од една година им е забранета примарната дејност со уредба на Влада, како и мораториум или репрограмирање со грејс период на кредитите од комерцијалните банки и кредитите од Развојна банка, сè додека не почнат да работат без рестрикции.

„Со протестот сакаме јавно да го покажеме незадоволството од ситуацијата во која се наоѓаме, но и гласно и јасно да предупредиме дека уништувањето на овој сектор треба да се гледа и низ призмата на загуба на сериозна бројка на работни места, како и затворање на многу деловни субјекти од кои егзистираат цели семејства“, истакнаа на вчерашната прес-конференција претставниците на Туристичко-угостителскиот сектор.

Кон протестот, како што најавија, ќе се приклучат и туристичките агенции кои, како што соопштија, имаат пад на прометот од 80 до 100%. Владата најави дека подготвува шести пакет мерки за поддршка на овој сектор.

Илјадници работници може да останат без работа. Новото затворање на угостителските објекти почна на 7 април, со воведувањето на рестриктивните мерки. Угостителските објекти се затворени за гости, а работат со достава или на принципот шалтер систем.

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи