„Обединети работници“: Срам за државата, 55.000 работници не добиле плата за март

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Денес на прес-конференција која што ја одржа директорката на Управата за јавни приходи ( УЈП ), Сања Лукаревска, беше потврдено она кое што одамна е јавна тајна – алармантна е состојбата во која што се наоѓа работничката класа! Плати нема ни за лек, велат од Движење за социјална правда „Обединети работници“.

„Имено, на над 55 000 работници кои што чесно ги извршуваат своите работни обврски сеуште не им се исплатени платите за месец март, додека над 10 000 работници се оставени на цедило уште од февруари! Ова е скандалозно и мора да се превземат сериозни чекори за санирање на овие штетни појави, како и создавање на терен за превенција на повторување на истото во иднина!

Државата наместо да биде заштитник на работничката класа и да и помогне во остварување на нејзините права и интереси, таа продолужува да биде причината поради која што се случува сето ова! Токму нејзините политички надмудрувања и задоволувањето на партиските интереси дополнително ја влошија и онака катастрофалната состојба на работниците, поради ненавремено доделување на пакет-мерки кои што беа неквалитетни и нефункционални во пракса, неажурност на институциите и немање слух за реалните проблеми на народот.

Основното и најважното право при работен однос – право на ИСПЛАТА НА ПЛАТА, наместо да биде приоритет на власта, таа го задржува континуитетот на незаинтересираност за работниците, кои што повторно се докажа дека се оставени сами на себе во борбата за егзистенција.

Движењето за социјална правда „Обединети работници“ бара ИТНА државна интервенција со цел да бидат исплатени платите на работниците кои што самите ги заработиле! Мора да престанат политичките игри и да се започне со работа за да се зачува работничката класа од грубата експлоатација со која што се соочени! Во спротивно државата ќе го почусвствува гневот на работникот!

Работниците заслужуваат, работниците можат! Време е за обединување“, стои во соопштението испратено од Движење за социјална правда „Обединети работници“.

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи